На вечерашната владина седница разрешени се директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија и В.Д. директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија, Шпенд Хајредин, пишува Centar.mk
Разрешувањето доаѓа по основани сомневања дека овие лица сториле злоупотреба на службената положба и овластувања и го прекршиле Етичкиот кодекс за однесување на функциониери.
Според наодите на ДКСК директорот на Агенцијата за филм во периодот од 20 до 23 Март доделил средства на 27 филмски проекти без предходна банкарска гаранција која според законот и според Договорите за финансирање на филмски проекти, како што смета ДКСК потребно било да се достави за секоја фаза од реализација на проектот. Останува фактите да се утврдат во транспарентна постапка.