
Владата денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи редовната 48-ма седница.
Согласно дневниот ред, на седницата ќе се разгледува предлог-одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија во 2023 година.
На денешната 48-ма седница, ќе биде разгледан Предлог- законот за ратификација на Договорот за партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово за управување со грант Договорот за техничка помош, под програмата ИПА Северна Македонија – Косово.
На оваа седница пред министрите ќе се најде и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, како и предлог-програмата за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2022 година, што доаѓаат од Министерство за образование и наука.
Владата денеска ќе се произнесе и по информацијата во врска со Предлог-Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година, со Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година.
За заклучоците и одлуките од денешната владина седница јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.