Владина делегација ќе положи свежо цвеќе по повод 142 години раѓањето на Гоце Делчев

Делегација на Владата во состав министерот за здравство, Никола Тодоров, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска и министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, денеска по повод одбележување 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ќе положи свежо цвеќе во црквата „Св.Спас“ во Скопје.

Почетокот е предвиден за 11 часот.

Потоа, во 12 часот владината делегација ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“.