Власта бега од избори зашто знае дека ќе ги загуби, оценува Божиновски

На власта не ѝ одговараат предвремени парламентарни избори затоа што знае дека ќе биде поразена на нив, рече во средата вечерта ги изгуби налитичарот Владимир Божиновски во текот на дебатата во емисијате „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Аналитичарот појасни, дека доколку власта сметала дека има и најмала шанса да победи на изборим, таа секако ќе ги распишела уште минатата година.

Божиновски истакна и дека ќе се одржат редовни избори во октомври затоа што не и одговара на власта да има предвремени избори поради фактот дека знае дека ќе ги изгуби.

– Нема да има предвремени избори бидејќи не им одговара, ќе имаме редовни избори таму во октомври. Не и одговара на власта затоа што ќе ги изгуби тие избори ако ги даде пред време, кажа Божиновски.