Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, денес ги посети селата Ропотово (прилепско) и Тумчевиште (гостиварско).
За време на посетите оствари средби со локалните жители, со дискусии за актуелните проблеми.
Ѓорчев истакна дека власта на СДСМ и Зоран Заев целосно ги запостави селата и руралните области.
-Состојбите во земјоделството се катастрофални, нема проекти, а младите масовно се иселуваат. Земјоделството и руралните области ќе бидат меѓу припритетите на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Доаѓаат промени и обнова на Македонија, порача тој.
Во текот на денот Ѓорчев ги посети Прилеп и Македонски Брод.
Во Прилеп се обрати на политичката академија на Конрад Аденауер (КАС) при што се обрати до младите говорејќи за младинските политики.