Намалувањето на казните е потврда дека власта е криминална и се плаши од одговорност и затвор. СДС и ДУИ 6 години прават криминал, стотици милиони се потрошија на матни тендери, стотици милиони се поделија за договори во 4 очи на фирми блиски до власта, и сега кога се свесни дека паѓаат и дека ќе треба да одговараат го менуваат законот и ги намалуваат казните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нема поголемо признание за криминалот на СДС и ДУИ од намалувањето на казните за кривичните дела кои можат да бидат сторени од функционери.
СДС и ДУИ го сменија законот со помош на Левица, кои со лажниот патриотизам и лицемерие ја замајуваат јавноста, а кога треба да се спротистават никаде ги нема, како и во случајов кога не гласаа против.
И СДС и ДУИ и Левица треба да знаат дека одговорност ќе има и ќе одговараат за сите криминали и порази кои ги нанесоа на Македонија“ – посочуваат од партијата.