Власта планира долга и тешка енергетска криза, предупреди Стоилковски

Блокирање на патни правци и делници, воспоставување нов режим на движење, блокада на простор; вспоставување контролни пунктови; пребарувања и претреси на терен; следење на социјални мрежи… , се дел од планот мерки и активности на власта на СДСМ /ДУИ којшто е во сила и којшто јасно укажува на „недостиг од електрична енергија и пораст на цената на електричната енергија“, проследено со „реални безбедносни предизвици кои може да рефлектираат и економски, социјални и безбедносни појави со негативни последици“, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Портпаролот на опозициската партија повторно прикажа документ кој, како што истакна, укажува дека Министерството за внатрешни работи веќе две седмици се подготвува за „долга и тешка енергетска и економска кризна состојба“  Планот, посочи Стоилковски, нема да заврши на 9-ти декември кога истекува кризната состојба во Македонија воведена поради енергетската криза, затоа што таа очигледно нема да заврши.

„Планот што го држам во рака, јасно укажува колкава е вистинската енергетската криза, дека состојбата е катастрофална и дека СДСМ/ДУИ немаат стратегија за излез од неа. Напротив, овој план укажува на драматични долгорочни состојби со вознемиреност кај граѓаните и план кој предвидува нарушување на јавен ред и мир“, рече Стоилковски.

Ги обвини валдејачките партии СДМ и ДУИ дека ја кријат вистината од јавноста, но дека споменатиот план јасно укажува дека кризната состојба не е воведена на кус рок.

„.. За ‘вбризгување на финансиски средства во енергетските компании со цел да се стабилизира состојбата на пазарот на електрична енергија’ и дека тоа не ги надминува последиците. Зарем за така кус рок – од 16-ти ноември кога е влезен на сила овој документ до 9-ти декември кога завршува кризната состојба, за само две недели, МВР изработува план за набавка дрва за греење и агрегати за струја за секоја станица или објект?“, праша Стоилковски.

Според него планот укажува дека двете владејачки партии се подготвуваат за долги рестрикции на струја. Односно дека власта крие дека „не се предвидени рестриктивни мерки“, рече Стоилковски цитирајќи го минитсерот за економија.

„Наместо да се преземат конкретни чекори за излез од кризата, наместо да се преземат мерки за одговорност за ваквата состојба, СДСМ/ДУИ планираат воведување на рестрикции и притоа вистинска состојба на полициска држава со следење, блокирање, забрани за движење. СДСМ се најодговорни за ваквата состојба, економомска енергетска криза, поскапување кое и СДСМ/ДУИ не може да бидат дел од решението“, посочи Стоилковски.