
Имаме информации дека вчера се правеле притисоци врз некои пратеници потпишани на иницијативата за изгласување недоверба на актуелната влада, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој објави дека заедно со Левица, ААА и Беса имаат ново парламентарно мнозинство.
-Методите на власта се тие и се познати. Но немам информации дали некој од овие пратеници се поколебал – изјави Мицкоски, кој денес на прес-конференција најави дека ќе почнат постапка за недоверба на владата ако премиерот Зоран Заев до понеделник не поднесе оставка.