
Градската воена управа на украинската престолнина Киев објави во средата дека над градот е откриена воздушна цел и ги предупреди граѓаните за можно дејствување на противвоздушната одбрана и авијацијата.
„Непријателска воздушна цел е откриена на небото над Киев“, објави администрацијата на украинската престолнина на апликацијата за размена на пораки Telegram.
Сепак, освен предупредувањето за можно дејствување на одбраната, не се објавени податоци за типот на целта.
Во вторникот вечерта жителите на Киев на социјалните мрежи објавија снимки на светел летачки објект во овална форма над градот.
Претходно во вторникот попладнето, портпаролот на Командата на Военото воздухопловство на Украина, Јуриј Игнат, ја потврди појавата на балони над територијата на земјата. Додаде дека слични летечки објекти биле забележани над небото над регионот Днепропетровск во неделата 12-ти февруари.
Украинските воздухопловни сили известија дека откриле балони опремени со аголни радарски рефлектори. Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Игнат во средата изјави дека таквите балони биле лансирани од Русија како мамка за да ја истоштуваат и да го одвлекуваат вниманието на украинската воздушна одбрана.