
Владиното биро за медиуми во Појасот Газа, по долги шпекулации и медиумски нагаѓања, во средата изнесе обвинение против Израел за кражба на органи од телата на мртвите Палестинци на северот од енклавата и повика на формирање независна меѓународна комисија.
Во координација со Обединетите бации, како што наведуваат медицински извори на кои се повикува катарската телевизија Al Jazeera, во вторникот во Газа стигнале тела на 80 Палестинци кои беа убиени од израелската војска.
„По прегледот на телата стана јасно дека нивниот изглед е значајно изменет, што недвосмислено укажува дека Израелците украле витални органи од телата на овие мртви Палестинци“, наведе во соопштението владиното биро на Хамас кој владее со Газа од 2007 година, откако победи на изборите една година претходно.
Бирото го осуди „непочитувањето на достоинството на телата на 80-те Палестинци од страна на војската“ на Израел и повика на „формирање целосно независна меѓународна истражна комисија за крадење на телата на починатите и кражба на нивните витални органи од страна на окупациската војска“.
Владиното биро од Поајсто Газа под контрола на Хамас соопшти и дека Израел држи на десетици тела на мртви Палестинци од енклавата.
Засега официјален Израел не се огласи во врска со овие обвинувања на палестинските власти во Газа.