Властите во Газа тврдат дека 40 лица загинале во израелски напад во централниот дел на Појасот Газа

Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа соопшти дека во „грозоморен масакр“ што го извршиле израелските сили во централниот дел на енклавата, загинале 40 лица, а повеќе од сто се повредени.

Тие додаваат дека огромно мнозинство од жртвите се жени и деца, јави Ал Џезира.

– Покрај Израел, ја сметаме американската администрација и меѓународната заедница целосно одговорни за овие тековни злосторства и го повикуваме слободниот свет веднаш да ја прекине оваа војна за истребување од страна на израелската војска против цивилите, соопшти Канцеларијата.