Музичката сцена во Македонија е шокирана по информацијата дека младиот пејач Влатко Илиевски е пронајден мртов вчеравечер во автомобил во скопската населба Аеродром.
Социјалните мрежи се преплавени со статуси, коментари, изразување на сочувство од оние кои не го познаваа, но и од најблиските соработници и пријатели.
Еден од нив е и Роберт Билбилов, кој исто како и Елена Ристеска, последната комуникација со пејачот ја имал само неколку часа пред да почине.
Билбилов пишува дека Илиевски бил полн со елан и идеи за реализирање. Од него побарал и нова песна. Неговата смрт до објавување на обдукциските резултати останува мистерија.