![krvav_satar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/03/krvav_satar.jpg?resize=696%2C348&ssl=1)
Двајца непознати сторители со закана со сатар ограбиле кладилница во Скопје.
Вчера во 22.47 часот во ЕИК се јавила Б.Ц. (од агенција за обезбедување) и пријавила дека во Скопје на бул. „Видое Смилевски-Бато“, во спортска обложувалница две непознати лица извршиле разбојништво врз вработената.
Сторителите, со закана со сатар, одзеле околу 100.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.