Влезниците за Евровизија распродадeни за 36 минути

Влезниитге за големото финале на Евровизија 2023 година во англиски Ливерпул во мај, се распродадени за нешто повеќе од 30 минути во вторник, објавија организаторите.

Британија е домаќин на 67-то натпреварување наместо Украина, победничката на натпреварувањето во 2022 година во италијански Торино, која не може да биде домаќин поради тамошниот конфликт.

Европската радиодифузна унија побара од Британија, која беше второпласирана во 2022 година, да го преземе организирањето на скапиот гламурозен неколкудневен настан.

Влезниците за големото финале чинат меѓу 192 и 456 долари, додека билетите за двете полуфиналиња се движеа по цена од 107 до 347 долари.

Околу 3.000 билети за вкупно девет ноќевања – шест претпремиерии, две полуфиналиња и финалето – ќе бидат достапни за раселените Украинци по цена од 24 долари во продажба, соопшти британската влада минатиот месец.