Истражувачот од Институтот за демократија, Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта.
-Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти .Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.