
Денес се играат средбите од 10 коло во ВМФЛ, дерби е дуелот меѓу Вардар и Воска, се игра на Железарница од 13-30 часот.
Вардар има нерасчистени сметки од лани со Воска, клубот од Охрид стигна до бараж преку второто место, а црвено-црните по поразот од Гостивар минатото коло, сега имаат само една опција, а тоа е победа за враќање на врвот.
Воска е лидер со 23 бода, Вардар има бод помалку, сега е ова голема пресметка говори и фактот што дерби мечот ќе го суди Александар Ставрев.
Средбата ќе биде пренесувана на Спортклуб 4.
Двојки, 10 коло ВМФЛ
Вардар-Воска (13-30 ч.)
Арсими – Беса
Борец – Караорман
Детонит – Локомотива Скопје
Кожуф – Гостивар
Охрид-Саса Македонска Каменица
Пелистер – Беласица