ВМРО-ДПМНЕ ја најави обновата на Македонија по 15 јули, заедно со народот ја започнува финалната борба за економски развој и достоинствен живот

ВМРО-ДПМНЕ денеска постави штандови во повеќе градови низ Македонија.

На промоцијата на програмата за „Обнова на Македонија“ присутни беа и дел од кандидатите за пратеници, но и носителите на изборните листи за парламентарните избори закажани на 15 јули.

Впечатоците кои ги пренесуваат присутните, преку социјалните мрежи, говорат дека голем дел од граѓаните се разочарани од политиките и владеењето на СДСМ и Зоран Заев и се подготвени за промени.

Веруваат дека по 15 јули во Македонија ќе се случат вистински промени кои ќе влијаат кон подобрување на животот на граѓаните на секое поле.