![vmro-dpmne-logo-ekran-960x512-960x512](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/vmro-dpmne-logo-ekran-960x512-960x512.jpg?resize=696%2C371&ssl=1)
Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ по демантот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека опозициската партија шири лажни вести и дека таа воопшто не патувала во странство и не трошела пари од МО.
„Шекеринска освен тоа што во криза троши преку министерство за одбрана пари за репрезентација и патувања позната е по тоа што шири лажни вести.
Додека докторите немаат маски, од министерството за одбрана се плаќаат пари за ресторани и репрезентација како и пари за патувања.
Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена
Министерството за одбрана потрошила 1 милион и речиси 43 илјади денари за за патувања. Во истиот овој период, за само 4 дена за репрезентација, ручеци и ресторани, мнинистерството за одбрана со кое раководи Шекеринска потрошilo дополнително речиси 362 илјади денари“, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.