Костадин Ацевски призна дека плаќа 10 пати поскап битумен. Каде завршува разликата во цени?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„12.000 евра чини транспорт на една цистерна битумен, според договорот кој го потпишал Костадин Ацевски, директор на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта. Тоа е 10 пати поскапо од цената која ја плаќа ЈП Комунална хигиена за набавка на истата суровина. Имено еден тон пренесен битумен ЈП Улици и патишта го плаќа 2915 денари, а ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта каде Ацевски е директор 29.295 денари.
Што е разликата помеѓу овие две претпријатија. Нема. Единствена разлика е што едното е под капата на владата на предавникот Ковачевски и тоа претпријатие од буџетот на народот плаќа суровина 10 пати поскапо од сите други.
Ова е очевиден криминал, и ЈО треба што поскоро да отвори истрага. Фактите се на тапет пред целата јавност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.