ВМРО-ДПМНЕ бара итна и независна истрага за пожарот во зградата на Секретаријатот за европски прашања и министерството за животна средина.
„Самиот факт што е запалена архивата на државен орган и тоа во неработно време по неработен ден отвора огромни сомнежи за можни злоупотреби и криење од јавноста на документи кои што според оценка на власта не би требало да се дознаат.
Да потсетиме дека ова не е прв случај каде што се уништија документи на државни институции, во минатото бевме сведоци на поплава во СЈО, како и пожар во министерството за правда. Расчистување на овие случаи до сега македонската јавност не виде.
Независно од тоа дали овој сомнеж ќе се потврди или не, факт е дека несовесно е постапувано со архивата на една државна институција, не успевајќи да се сочува тој материјал.
Ваквите сомнежи се основани кога на власт имаме мафија како владата на Зоран Заев“ -порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.