![dik-1-372rh1jkvvaweb5srpbdvk](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/dik-1-372rh1jkvvaweb5srpbdvk.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Крајот на летото е периодот предложен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерската средба како најпогоден за оддржување за избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека овој период е предложен како најмалку опасен по здравјето на граѓаните и очекуваното стабилизирање на корона кризата до тогаш.
Со овој датум се избегнува стравувањето од нов бран од корона бидејќи сите најави се дека тоа ќе се случи почетокот на зимата, или доцна есен што го потврдува и Светската Здравствена Организација.
Како што дознаваме, крајот на летото е период кога најголемиот дел од луѓето се во земјава со што е присутна и можноста за кредибилни избори со висока излезност. Воедно ќе се има и појасна слика за ризиците и состојбата со короната во државата, а ДИК ќе има време за организирање на изборен процес кој ќе обезбеди заштита на здравјето на граѓаните.