-Димитар Ковачевски не само што е дезертер, туку е и лажгo. Тоа се докажа со неговите контрадикторни изјави во кои еднаш вели дека воениот рок не го служал заради школувањето, а вторпат дека имал последователни хируршки зафати. Кога лажеше Ковачевски, тогаш или сега или и тогаш и сега? На лагата и се кратки нозете, а дезертерот Ковачевски е најдобар доказ за тоа, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Еден факт е непобитен, а тоа е дека Ковачевски избегнал служење на воениот рок во 2001 година со медицинска белешка дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН. Трајно неспособниот Ковачевски не можел да отслужи воен рок, ама прв е да се нареди за вршење на функција. Додека илјадници семејства ги испраќаа своите браѓа, сопрузи, татковци на воена линија, Ковачевски како татино синче трчкал медицински потврди само и само да не служи војска. И веројатно играјќи на најсигурната варијанта станал ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН со тапија, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека премиерот не е достоен за функцијата.
-Епа Ковачевски џабе бегаш, џабе манипулираш. Ова не е и не смее да биде тајна, бидејќи ако еден премиер не одговорил на обврските кон државата тогаш тој не е достоен за функцијата. Ако имаш грам доблест поднеси си оставка дезертеру, се заклучува во соопштението на партијата.