Во Македонија да царува основаната перцепција за злоупотреба на моќта од политичка функција. Вршењето на јавна функција на политичари додека истовремено се сопственици, или влијателни акционери на компании, остава можност за корупција и влијание на економските текови во државата. Примери за тоа има многу, од тендерите во здравството, преку примери со вицепремиерот и случајот „Тополки“, примерот со Фондот за иновации, но најекспониран се примерите на премиерот Зоран Заев и 12-те компании поврзани со неговото семејство, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ќе ги прочитам, „Фарма Медика“, „Тргопродукт“, „Мамас Фуд“, „Омни Градба“, „Центроштепед“, „Тотал електроник“, „Еленица“, „Пеон“, „Сара Јавор“, „Тотал Инженеринг“, „Сара Инженеринг“, „Дравас Инженеринг“, „Електро Инженеринг“. Сите овие компании се на семејството Заеви, ова се компаниите за кои има огромен број афери. Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, почнувајќи од струмички „Глобал“, до транспорт, градби, ископи, позајмици, до полиња со марихуана. И во нив се споменувани имињата на семејството на власт, рече Стоилковски.
Зоран Заев на свое име нема ниту куќа ниту автомобил, го нема ниту БМВ моторот од 30.000 евра со кој што се шета низ Македонија. Тој е на фирмата „Тотал Инженеринг“. Заев е предводник на кланот Заеви и е пример за злоупотреба на моќ и позиција од јавни функционери за сопствените бизниси- од транспорт за РЕК Битола и правење ајвар, до ископ на глина преку плантажи за марихуана. Фирмите на Заеви испумпуваат државни пари, преку РЕК Битола, експресниот пат Штип-Струмица, и други градилишта финансирани од државата. Ова е само еден пример. Фирма на кланот Заеви, доби дозвола за одгледување на медицинска марихуана во Свети Николе. Фирми на Заеви, го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, над 20.000 м2, по цена на една гарсониера. Фирми на Заеви, стекнуваат сопственички удели во проекти за градби на згради, за суми од 40.000 евра, а се вредни 10-тици пати повеќе, потенцираат од ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ бара сите политичари кои што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски текови во државата.Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компаниите на политичарите кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, како Анѓушев, отвораат реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Христијан Мицкоски го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија. Очекуваме Зоран Заев и неговите од октоподот да го сторат истото. Доколку не го сторат тоа само ќе ја засилат перцепцијата дека државните функционери, како премиерската се користат за влијание и зголемување на профитите на семејните компании, кажа Стоилковски