Бучковски зборува за неизвесност, додека Владата е сигурна дека само што не сме добиле датум за преговори. Бучковски со истиот наратив како Заев пред две години, се обидува да внесе несигурност кај јавноста и граѓаните најавувајќи неизвесност за државата, која исто како и соседна Бугарија е членка на НАТО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За каква ‘неизвесност’ зборува Бучковски кога неговиот лидер уште во 2019 година говореше дека ги решил сите прашања со соседите па го потпишаа договорот со Бугарија?
Исто и тогаш кога го потпишаа договорот со Бугарија се тврдеше дека сега е моментот, немаме време за чекање, мора да се договориме со Бугарија, само што не сме добиле датум за преговори. После толку лажни датуми за преговори и неуспехот од преговорите со Бугарија на специјалниот миленик на Заев, Бучковски сега го брани лидерот кој му го продолжи мандатот за плус 12.000 евра хонорар годишно.
Бучковски со своите ставови само што призна дека Заев е најслаба карика, а бранејќи го лидерот „без кој не се може“ го потврди потфрлањето и огромниот неуспех кој оваа Влада го има на меѓународен план, особено во преговорите со Бугарија.
Останувањето на Заев, оваа влада и специјалните хонорарци како Бучковски на власт носи несигурност за функционирањето на државата воопшто. Бучковски може да се пофали само со доброто конто и заштита на бизнисите кои Заеви ги имаат во Бугарија, а на штета на националните интереси.
Оваа влада на чело со Заев нуди само минато и штетни договори, со оваа влада на СДСМ нема никаква иднина и просперитет за македонскиот народ, стои во партиската реакција.