Циркузот траеше една недела, Заев нема мнозинство за денешната седница во Собранието, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Тестирањето на сопствената самодоверба е неуспешна. Собранието со ова парламентарно мнозинство е нефункционално. Заев ја става во заложништво цела држава и нормалното функционирање на институциите само од желба по секоја цена да ја задржи власта. Македонија е заложник на болна потреба на Заев за моќ и власт. Зоран Заев да не глуми и да не ја внесува Македонија во нови моменти на општествена и политичка криза“, се вели во соопштението на опозицијата.