ВМРО-ДПМНЕ: Демолирањето на споменикот на децата бегалци е акт на најголем вандализам

Демолирањето на споменикот на децата бегалци, жртви на егзодусот врз македонците во Граѓанската војна во Грција во паркот „Жена  борец“ во очи 11 Октомври, денот на почетокот на антифашистичкото востание во Македонија е акт на најголем вандализам, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на споменикот, кој претставува симбол за сеќавање на една голгота на македонскиот народ во минатото.

„Овој споменик е спомен и почит за егзодусот на над 20.000 деца од Егејска Македонија извршен во период од 1946 – 1949 година“, нагласуваат од оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до властите да почнат  да си ја вршат работата за која што се платени и да го чуваат државниот имот. Според опозициксата партија, недозволиво е власта да дозволува секојдневно уништување на спомениците и друг вид на државен имот, а никој за тоа да не сноси одговорност.