ВМРО-ДПМНЕ до Царовска: Дали учебникот по македонски јазик се менува поради друга побуда или пари се во прашање?

Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук прашува дали министерката Царовска го менува учебникот по македонски јазик по 10 годишна употреба поради друга побуда или пари се во прашање?

-Почитувани,
Учебникот по Македонски јазик за петто одделенние се повлекува од употреба по 10-годишно користење во нашата земја. Како причина за тоа се наведуваат присутни грешки што се однесуваат на дискриминацијата, насилство, родова еднаквост и непочитување на македонската стандарднојазична норма.
Непотребно е секој детал да го анализираме, а од примерите кои следат ќе ја сфатите сета иронија на напишаното.

Ако училишната чанта вели дека е фрлана и валкана, а училишната клупа издлабена, тоа е насилие и навлегување во приватноста.
Ако се разговара за пубертет и појава на мозолки на челото и носот, тоа се предрасуди и давање на значење на лошата страна на период од животот.
Ако во песничка се каже дека мајката е главна во кујната, а при тоа има и слика на маж кувар, тоа се родови стереотипии, а ако во лекцијата има само машки или само женски ликови тоа се родови предрасуди и на крај во народна приказна имало психичко насилство.
Почитувана министерке Царовска,
Ве молиме да ги забраните сите народни приказни кои се емитуваат на националните телевизии, затоа што во нив има и физичко и психичко насилство и манипулации и предрасуди и родова нееднаквост и сè друго како причина зошто што овој учебник се повлекува.
Така брзо и лесно ќе се справите со сè што е МАКЕДОНСКО и со целата МАКЕДОНШТИНА.
Имате ли доказ дека токму врз основа на овие примери наставниците не ги учат децата на тоа што е добро, а што лошо, што е родова еднаквост, а што нееднаквост, што е насилие и како да се справат со тоа?
Да не го менувате учебникот од други побуди???
Да не се пари во прашање???