Координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Пане Антовски, изјави дека денеска ја напуштиле седницата на Советот на Општина Аеродром и нема да учествуваат во работата на Советот се додека власта спроведува политички прогони кон свои политички противници и неистомисленици.
„Македонија е единствена држава во демократска Европа која во 21 век во своите затвори има политички затвореници. Притворањето на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром Дејан Митевски е уште една потврда за политичкиот прогон во нашата држава кој го спроведува Зоран Заев.
Сведоци сме на огромни скандали околу случајот Рекет кој со месеци се развлекува, а неосновано повеќемина членови на ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку месеци се во притвор“, вели Антовски, посочуцајќи дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушта и следните седници на Советот на Општина Аеродром се додека Дејан Митевски е неосновано обвинет и во притвор во Шутка.