При денешната посета на општина Ресен во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, на кој начин ВМРО-ДПМНЕ ќе го избира претседателскиот кандидат, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ преку организирање на изборна конвенција, делегатите ќе го изберат најдоброто решение.
„Ние во минатото покажавме дека имаме навистина широки погледи за тоа кои ќе бидат претседателски кандидати, ВМРО-ДПМНЕ има една сериозна внатрешна процедура, преку организирање на изборна конвенција која што е статутарна одредба. Делегатите кои што произлегуваат од членството ќе го дадат своето мислење, очекувам да има кандидати, и мажи и жени, па делегатите нека го изберат најдоброто решение, за Македонија пред се, а потоа и за ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Мицкоски.