ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична против Џафери за кршење на Уставот

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери поради „свесно кршење на Уставот и законите“.

Од партијата го најавија овој чекор откако пред два дена претседателот на Собранието пред Комитетот за надворешна политика на ЕП се обрати на албански јазик.

Интерпелација за Џафери денеска најави Левица, а поддршка доби и од ВМРО-ДПМНЕ.