СДСМ сеуште не може да научи дека граѓаните на Република Македонија се тие кои ја даваат одговорноста, која партија и кои луѓе ќе раководат со државните институции. Насилството кое што го врши СДСМ порано или подоцна ќе им се врати како бумеранг, се вели во соопштението што денес владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес го упати во јавноста.
Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека ако опозиционерите се надеваат дека граѓаните заборавиле што СДСМ прави и што се СДСМ направи во минатото, треба да знаат дека се лажат.
Во СДСМ има оставки после Договорот, во СДСМ има веќе пратеници кои што откажаа соработка со раководството на партијата, во СДСМ има цели групации кои што се дистанцираат од ова раководство и СДСМ денес е партија која што ја водат ограничени политичари и грогирани поранешни функционери од времето на транзицијата како Фрчковски, Милчин, Ордановски и Ѓунер Исмаил.
Од владејачката партија велат дека Централниот одбор на СДСМ можел да донесе едногласна одлука единствено доколку во него членовите се од редовите на богатата фамилија Заеви и од братучедите насилници на Радмила Шекеринска.
Економските експерти на СДСМ во минатото се докажаа со криминалната и мафијашка приватизација, со 684 затворени фабрики, со над 200 000 оставени луѓе без работа, намалени пензии, намалена социјална помош, умртвено стопанство, никаква изградба на патишта и автопати, нула инвестиции во капитална инфраструктура итн.
Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека такви се експертите на СДСМ во економијата.