Во СДСМ владее економската логика на Вицето според која се може да се измери по принципот „едно евро за партијата, едно евро за Вицето“. Затоа за нив и здравјето на граѓаните не е важно и единствено е мерливо преку парите кои се вложуваат за подобрување на животот на граѓаните, се вели во соопштението што владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес го упати до јавноста.
Интегрален текст од соопштението:
Во СДСМ владее економската логика на Вицето според која се може да се измери по принципот „едно евро за партијата, едно евро за Вицето“.
Затоа за нив и здравјето на граѓаните не е важно и единствено е мерливо преку парите кои се вложуваат за подобрување на животот на граѓаните. СДСМ зборува за болни, за нарушено здравје, за лекувања – само низ призма на тендери и дневно политички поени.
За нив и вложените средства за набавка на прскалки со кои се прскаат улиците на Скопје за да се намали загадувањето се предмет на интерес низ тендерска призма и логика.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.
Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
Градоначалникот Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.
Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
За жал не постојат такви мерки и прскалки кои може да го намалат загадувањето во мозоците низ СДСМ кај луѓето кои вдишале од морскиот воздух на Палма де Мајорка. Токму таму викендов Зоран Заев прибираше информации за загадувањето на Медитеранот и од каде се инспирираше при составувањето на ваквие безлични, празни соопштенија со кои СДСМ покажува дека нема срам и дека нема ништо свето за нив.
За СДСМ здравјето на Македонците е само уште една ставка од која тие би прибирале пари во тендерите по економската логика на Вицето.
За среќа, народот веќе девет пати по ред на избори покажува дека има начин како да ја исчисти својата животна средина од ваквите штетни влијанија.
За 159 дена народот на СДСМ ќе му покаже што мисли за политиката со која СДСМ „се прска“ секојдневно и со која бесрамно го труе народот.
На 24 април доаѓа казната за СДСМ.