5.8 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Економската состојба во Македонија е катастрофална

Во новиот извештај за економската слобода на Херитиџ фондацијата (2019 Index of Economic Freedom by Heritage Foundation) кој ги споредува и рангира сите земји од светот, Македонија иаку успеа да го зачува 33то место, сепак воочливи се намалувањето на бодовите во одредени сегменти од рангирањето. Така целокупно Македонија има -0,3 поени помалку од минатата година, а најголемите влошувања се во сегментите на Слободата на трговија, Слободата на бизнис, Интегритетот на Владата и Владиното трошење.
Влошувањето во овие сегменти е последица на следниве активности кои ги врши сдсм:

– Буџетот е во лоша состојба, приходите се под планираното ниво, а реализацијата е неуспешна особено во делот на капиталните инвестиции. Владата со Ребалансот предлага кратење на капиталните инвестиции и зголемување на непродуктивните трошоци.

– Целокупната состојба на заробеност на правната држава, отсуството на основни елементи од владеење на правото, целокупните политички прогонувања, неисполнувањето на владината програма и дадените ветувања, а дополнително и додавање на други лажни ветувања ја донесоа владата на сдсм да го изгуби својот кредибилитет и интегритет.

– Високото ниво на корупција кое владее во нашата држава ја уништува економската слобода на водење бизнис. За да имаме успешна економска средина, потребни се нулта толеранција кон корупцијата, промоција на конкурентноста, заштита на чесните стопанственици и фирми и законско делување против нечесните и криминалните активности. Во моментов цвета корупцијата и таквата состојба ги руши надежите за фер и слободно економско делување.

– Последиците од внатрешната политичка состојба во Македонија, големата нестабилност и високото ниво на организиран криминал, заштита на картелите, чувството на неказнивост на злосторниците и беспомошноста на угнетените се рефлектира и во извозните можности на домашните претпријатија. Сето ова е дополнето и со лошите даночни политики и слабите перформанси на владиниот тим. Странските инвестиции се на рекордно ниско ниво, а промоцијата на извозот е заборавена работа. Владата денес веќе не се бори за поголем извоз, туку само декларира популистички проекти или флоскули со кои се надева дека народот ќе се задоволи и ќе ги надмине (заборави) сопствените желби за напредок и подобар живот.

Напишаа на Фејсбук од комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.