![zaev-thumb-large-thumb-large](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/zaev-thumb-large-thumb-large.jpg?resize=696%2C434&ssl=1)
Европската перспектива на Република Македонија е загрозена од клиентелизмот и криминалот на Зоран Заев и луѓето околу него, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Криминалот царува на улиците, земјоделието е уништено, квалитетното образованието е опаднат, со милионски тендери се полнат џебовите на функционерите на власта. Буквално земјата тоне. Наместо реформи имаме криминал и корупција. Единственото ветување на кое се држеше Заев – влез во ЕУ, полека бледнее. Европската перспектива на државата е загрозена, ја уништи криминалот и корупцијата кои царуваат насекаде. Во ЕУ не се оди со криминал, во ЕУ се оди со реформи, кои Заев не ги испорача. Зоран Заев, политичарот кој е највиновен за лошата ситуација во која се наоѓа Македонија сега и се заканува на Европа. Фрустрациите на еден мал политичар почнуваат да ја чинат земјата премногу, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат: Ликовите како Заев мора да си заминат. СДСМ мора да си замине.
ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и ќе ги донесе промените во Македонија. За европска Македонија, за подобра иднина на сите, велат од партијата.