Георгиевски и Бучковски се истурени играчи на Заев. Нивниот став за Бугарија е и негов. Бучковски кажа дека тезите на Георгиевски за обезличување на Македонија вреди да се разговараат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Бучковски го подржува Георгиевски, а Бучковски е повереник на владата за спорот со Бугарија. Ставот на Бучковски е и став на Заев. Заев, Бучковски и Георгиевски имаат за цел да го избришат македонскиот народ и да го престават како нова творба. Тие го обезличуваат нашиот идентитет, јазик и култура Заев, Бучковски и Георгиевски молчат на сите провокации и мешања во внатрешните работи на Бугарија во Македонија. Заев, Бучковски и Георгиевски се причината поради која Бугарија се чувствува комотна да ја понижува Македонија, се наведува во партиското соопштение.