Од наредниот месец, граѓаните ги очекува нов ценовен шок со најавеното драстично покачување на електричната енергија. Новите сметки за електрична енергија ќе бидат повисоки за над 20%. Со зголемувањето на струјата очекувана е зголемена инфлација која ќе удри директно по џебот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат од партијата граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја, како и големи акцизи на горивата за полнење на Буџетот за да можат функционерите на СДСМ и ДУИ да крадат и луксузираат.
-Недомаќинското работење со енергетските капацитети со години допринесе Македонија да е увозно зависна на електрична енергија, неместо да произведува, а со тоа и да ја регулира високата цена на струјата на светските берзи. Тендерите во 4 очи во РЕК Битоала, негржата и без модернизација на енергетските капацитети, хавариите кои се случија изминативе 5 години, како и празнењето на вештачките акумулации се директната последица од оваа неспособна власт за покачувањето на електричната енергија. Стопанство во државата е на колена, а најавеното ново покачување на струјата додатно ќе ја ослабе и така урнисаната економија во државата. Секој ден стотици граѓани остануваат без работа, а над 450 илјади луѓе живеат на раб на сиромаштија, се наведува во партиското соопштените.
Додека кризата го јаде стандародот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, власта останува глува на барањата на работниците за зголемување на платите.
-Секојдневните протести во Македонија се доказ дека оваа криминална власт е без компас. Единственото решение за излез од оваа криза се брзи предвремени избори. Затоа што премногу е! Дното со неспособната власт на СДСМ и ДУИ одамна е пробиено, стои во партиското соопштение.