ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека шест месеци се развлекува постапката за „Рекет“

„Целиот случај Рекет е режирана претстава во која Русковска обвинителството треба да направи се за да го заштити аболицираниот криминалец Зоран Заев. Шест месеци се развлекува постапката за да се прикријат трагите кои водат до раководството на СДСМ. Русковска обвинителството истрагата ја водеше крајно непрофесионално и даде доволно време да се прикријат докази и да се влијае на сведоци. Истрагата заврши, а јавноста остана без одговори каде завршила Луј Витон торбата со 1,5 милиони евра, колку пари биле изрекетирани и кои се други бизнисмени биле опфатени од оваа криминално рекетарска банда“ обвинија преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата со став дека „Секојдневно на површина излегуваат информации со кои се потврдува дека Рекет се води крајно непрофесионално, и се докажува спрегата на обвинителството со власта. Јавноста дозна дека Катица Јанева не земала само 50.000 евра, туку 350.000 евра, а исто така и дека министерот за здравство Венко Филипче присуствувал на средби помеѓу жртвата и Боки 13 на кои очигледно не се разговарало за болници, туку за криминал“.

„На сите им е јасно дека обвинетите Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески се само пипците на октоподот, а главата е во врвот на СДСМ. Претставата која ни ја приредуваат власта и Русковска се прави за да не се дознаат нарачателите, тие кои му ја даваа силата на Боки 13 за рекетот. Правдата нема да биде задоволена доколку се казнат само овие три лица. Потребно е да се побара одговорност од сите кои им даваа ветар во грб на извршителите на рекетот“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.