Уште еден пропуст во низата на Венко Филипче во процесот на лечење на граѓаните со корона. Единствениот лек, влезен во светски протоколи дека помага во лекувањето на пацинетите, Ивермектин навидум стигнат во државава, ама реално го нема, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните цел ден трчаат по матичните да им го препишат, а матичните велат немам никакви насоки од министертвото за здравство. Знае ли Филипче дека се е многу едноставно. Прво, требаше да го набави на време. Второ, требаше да им даде насоки на матичните и на специјалистите за издавање на рецепти, велат од партијата.
-Но, наместо следење на светските протоколи за лечење корона, Филипче се држи до логиката која функционира во локален маркет или „прв дојден, прв услужен“. Филипче треба и мора да знае дека станува збор за здравје и живот на граѓаните. Затоа треба да ги следи светстките протоколи за лекување на болните од КОВИД-19, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.