ВМРО ДПМНЕ ја потврди иницијативата за Иванов

Центарот за комуникации на владејачката партија денеска ги потврди информациите на Канал 5 дека кај нив пристигнала иницијатива со поддршка на актуелниот претседател на државата Ѓорге Иванов.

На неа, според ВМРО ДПМНЕ, до сега се потпишале педесетина интелeктуалци, јавни личности, но од таму не сакаат да даваат повеќе детали за иницијативата која вчера ја објави Канал 5, а според која потписниците бараат од владејачката партија, претседателот Иванов да ја добие партиската поддршка на конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ  на која што ќе биде избран кандидатот за претседател за престојните претседателски избори.