Секој ден Владата на премиерот Зоран Заев ја задолжува земјата, а не се знае каде се насочуваат овие пари, реагираше во средата со соопштение опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако во вторникот наместо најавените 49 милиони евра, владата ja задолжи државата за нови 80 милиони евра.
СДСМ веќе две години ништо не исполни што вети. За време на избори ветуваше 500 евра за секој граѓанин, 100.000 денари плата за секој лекар, а од тоа нема ништо. Секој ден владата на Зоран Заев само се задолжува, а парите не се знае каде одат. Вчера Тевдовски ја задолжи државата за нови 49 милиони евра. За само 5 месеци СДСМ ги задолжи граѓаните за над 317 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата обвинува дека откако премиерот Заев и неговата СДСМ се на власт, отсуствуваат новите капиталните инвестиции, нема нови инвестиции, како ниту повисоки плати, и пензии.
Нема ништо од ветувањата од економската политика од пред изборите. Наместо најавените ГУГЛ и ФЕЈСБУК, имаме бизнис партнери кои се во бизнисот со марихуана со фамилијата Заеви, а граѓаните тонат во сиромаштија, стои во реакцијата.
Од ВРМО-ДПМНЕ заклучуваат дека „освен сиромаштија и колапс на економијата“, земјата не добила никаква полза до актуелната власт, и оти тоа е една од „низата причини“ поради коишто СДСМ треба „веднаш“ да си замине од власта.