Кандидатите за градоначалници на СДСМ се избирани по калапот на Зоран Заев, односно без морал, со црни петна и афери зад себе, истакна во средата Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кандидатот за градоначалник на СДС за општина Аеродром, Златко Марин под дејство на алкохол направил тежок сообраќаен прекршок. Човекот кој претендира за прв човек на општината, направил сообраќајка под дејство на алкохол. Според извештаите на МВР пред неколку години со 1.17 промили алкохол во крвта, на булеварот „Илинден” со огромна брзина удрил во друго возило, и возачот во другото возило се здобил со тешки телесни повреди“, рече Данев.
Додаде деа тешкиот сообраќаен прекршок бил констатиран од страна на полицијата и била пропишана парична казна, и доколку не ја платил, тогаш требало да се изврши казна затвор.
„Златко Марин во алкохолизирана состојба во доцни вечерни часови направил сообраќајка и нанел последици по животот на друго лице. На ваков човек не би му дале ниту автомобил да управува не пак да води општина. Аеродром заслужува подобро. Аеродром заслужува човек кој е чесен и одговорен, работлив и од збор. Поради тоа граѓаните на Аеродром на 15-ти октомври на локалните избори нема да дозволат ваков човек да биде градоначалник“, рече Данев.