Се поголем и поголем е очајот и паниката во СДСМ. Затоа продолжуваат деструктивните сценарија на СДСМ во пресрет со соочувањето со судот на народот на 5-ти јуни. Не запираат срамните притисоци и покажувањето среден прст од СДСМ кон Уставниот суд на Република Македонија, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Интегрален текст од соопштението:
Се поголем и поголем е очајот и паниката во СДСМ.
Затоа продолжуваат деструктивните сценарија на СДСМ во пресрет со соочувањето со судот на народот на 5-ти јуни. Не запираат срамните притисоци и покажувањето среден прст од СДСМ кон Уставниот суд.
СДСМ нема кредибилитет да зборува за партизација во судството, во услови кога во само еден ден има изберено 617 судии и над стотина обвинители.
СДСМ кога зборува за објективност и непристрасност треба да ја праша како одлучува Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер несудениот министер за Надворешни работи од СДСМ.
СДСМ требаа да го запрашат за поврзаност на партијата со судскиот систем и Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е Јавен Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2, СДСМ сонува за ваква партиска испреплетеност во судскиот систем.
СДСМ преку своите невладини експоненти директно им се закани на судиите чувари на Уставот дека ќе ги влече за уши и ќе ги крева на клоци надвор од судот само затоа што истите не подлегнуваат на притисоците од Бихаќка.
СДСМ уште еднаш го покажува тоталитарното лице и вистинскиот капацитет. СДСМ сака да го приватизира судството во Македонија. Затоа граѓаните го држат СДСМ далеку од власта.
Во 2009 година здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2009“ беше ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.
Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој го аболицираше криминалецот Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година.
СДСМ е партија која го менува својот став во зависност од дневно партиските потреби, создавајќи кризи и организирајќи протести преку кои ќе им се заканува на судиите.
СДСМ најгрубо врши притисок врз Уставниот суд бидејќи лидерството на партијата нема капацитет за да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност. Затоа СДСМ го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.
Од овој однос на СДСМ кон највисоката државна институција се срамат сите граѓани во Република Македонија.
Казната на СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат, а пресудата ќе биде правосилна и извршна.