ВМРО-ДПМНЕ: Кластерот СДСМ ќе се шири доколку продолжат лагите дека пандемијата е победена

Кластерот СДСМ ќе се шири доколку продолжат лагите дека пандемијата е победена. Бројката на заболени станува се поаларамантна, што е доказ дека на СДСМ не им е важно здравјето на граѓаните и без никаков срам сакаат избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека скандалозното и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски ја отсликува матрицата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во услови кога голем дел од СДСМ и од Влада се во самоизолација, тие ги лажат граѓаните дека пандемијата е победена. Тоа само покажува дека тие не знаат и не умеат да се справат со ситуацијата. Граѓаните ќе ги казнат конструкциите и местенките на СДСМ на следните избори. На партијата која го лажеше народот дека ќе донесе живот, дека просечната плата на Македонецот ќе биде 500 евра, ќе се изградат 500 километри автопат, народот веќе не им верува. Според угледниот весник „Економист“ Македонија е класифицирана како хибриден режим, благодарение на режимското владеење на Заев и СДСМ, политичкиот прогон на неистомислениците како и физичкото и телефонското следење на политичкиот противник од страна на параполициски структури“, пишува во реакцијата.

Овие три години, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако се тие на власт освен хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија граѓаните не видоа ништо друго, СДСМ ќе одговара за се што направи до сега.