-Ковачевски да каже зошто до сега неговите функционери не го пријавиле имотот и дали ќе ги разреши, или и тој има таен имот па молчи?, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
-Функционерите именувани од владата, дел од аферата Тајни имоти, со месеци, а дел и со години не го пријавиле својот имот во ДКСК, односно не поднеле анкетни листови. И со тоа директно го прекршиле законот, а од институциите никој не ги санкционира. Наместо да побара одговорност Ковачевски и неговите апологети ја пренасочуваат топката кон ДКСК, а од таму пак повикуваат да им се достават имињата.
Што прави ДКСК и зошто постои, ако некој друг треба да им каже дека 123 функционери не им доставиле анкетни листови, па сега брзаат да антидатираат и да влегуваат во незаконити дејствија.
Од друга страна што прави Ковачевски и зошто не ги разреши? Или ќе молчи, зошто и во партијата негова молчеа за Броило, во кое тој беше фатен во центарот на соларен картел тежок 26 милиони евра?, стои во партиското соопштение.