Премеирот и лидер на владејачкиот СДСМ, Димитар Ковачевски е слугата на челникот на коалицискиот партнер ДУИ, Али Ахмети, како и патрон на бизнис интересите и фолирантите од Левица, и затоа изборите се решение, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски е заробеник на Ахмети, цела година помина буквално како досега, со криминал и корупција. Ковачевски ги штити сите луѓе на Ахмети, од Груби, Османи до Буши, затоа што знае дека само тој го држи на премиерското столче. Покрај на Ахмети, Ковачевски станува и поданик на фолирантите од Левица со кои е во коалиција во Град Скопје и на многи други места. Деструкцијата нивна ја гледаме и по нефункционалноста на град Скопје. И додека слугува Ковачевски, бизнисите на неговиот кум и неговото потесно семејство се шират низ државата, на кои патрон е токму тој“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Влада на Ковачевски е проблем за Македонија, само предвремени парламентарни избори се решение и излез од коалицијата на која матните зделки и тендери им се пред се“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.