![vmro-dpmne-371wjn1qetyr2rto9exfr4-199568-222358](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/vmro-dpmne-371wjn1qetyr2rto9exfr4-199568-222358.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
„Економијата во Република Македонија e жртва на криминалот и корупцијата на власта предводена од Заев. Во моментов во земјава има повеќе од 500.000 граѓани кои што живеат во сиромаштија, соопштуват од ВМРО ДПМНЕ.
-Граѓаните не можат да си дозволат да отидат на годишен одмор, а повеќе од 80 проценти од нив размислуваат и бараат начин како да ја напуштат земјава.
Нивото на реализација на капиталните инвестиции за првите 6 месеци е под 20 проценти, ова е доказ дека Владата на Заев не работи ништо.
Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Заслужуваат држава во која ќе имаа пристоен живот за нив и нивните најблиски, држава во која нема да бидат принудени да размислуваат како ќе го поминат месецот.
На Македонија и е потребна промена, време е да се стави крај на криминалната транзиција и транзиционите политичари. Време е за успешна и економски силна Република Македонија“, информираат од оваа партија.