Mедиумите не се и не може да бидат криви за криминалните досиеја на партиските функционери, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.
Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:
ВМРО ДПМНЕ ги осудува нападите на СДСМ врз медиумите.
Секоја навредa, клевета или закана кон медиумите е атак врз правото на јавноста да биде информирана. На овој начин СДСМ нема да може да спречи вистината да допре до граѓаните.
Mедиумите не се и не може да бидат криви за криминалните досиеја на партиските функционери.
Затоа и ние и граѓаните прашуваме:
Дали СДСМ за дополнителен заменик министер во МИОА предложи лице со досие од областа на насилниот криминал?
Дали СДСМ за дополнителен заменик министер во МИОА предложи лице кое е осудено со казна затвор од 3 месеци или една година условно доколку не го повтори делото?
Дали медиумите лажат дека имало судски процес во Основниот суд Битола против него?
Дали во тепачката која е предмет на кривичен прогон на едно лице со нож му е пробиено левото белодробно крило?
На овие прашања СДСМ мора да и одговори на јавноста.
Нема бегање од овој одговор. Ако СДСМ не сака да одговори, ќе го чуе одговорот на народот кој е веќе јасен. Тоа го покажуваат сите анкети.
За 147 дена народот на СДСМ ќе им пресуди безусловна казна.