Во време на СДСМ македонското здравство воопшто не беше ни рангирано на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ). Со најновото рангирање на овој индекс Македонија е меѓу првите 20 најдобро рангирани здравствени системи во Европа, рангирана повисоко од поголем број развиени европски земји и земји од регионот, меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, и други држави.
Ова го истакнува ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција до медиумите на денешната прес-конференција на Злате Мехмедовиќ од СДСМ на која обвини дека системот „Мој термин“ и реформите во здравството се само фарса што не функционира во реалноста.
– Факт е дека македонското здравство денес според ЕХЦИ е највисоко рангирано во делот на достапноста на здравствените услуги, и е прворангирано по индикаторот „bang for the buck“, односно што се добива како здравствена услуга во однос на вложените средства. Факт е дека благодарение на системот „Мој термин“, Македонија е посочена како пример за редуцирање на времето на чекање практично на нула и во тој контекст како позитивен пример е споредена и со земја како Шведска, севели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Веќе неколку години по ред, се додава, системот „Мој термин“ е реформа која се препорачува за имплементација и во другите европски земји, а напредокот на Србија на ова рангирање се должи во голема мера на имплементирањето на систем по примерот на „Мој термин“.