ВМРО-ДПМНЕ најавува обелоденување нов финансиски скандал – „Паразити“

ВМРО-ДПМНЕ најави дека во понеделник ќе сподели со јавноста афера наречена „Паразити“ поврзана со функционерите на власта предводена од СДСМ.

„Утре – Афера Паразити – како додека народот гладува и преживува од први до први, функционерите на власта се со полни трансакциски.

Ќе објавиме како додека народот не може да преживее, функционерите на власта преку  Буџетот се полнат со баснословни суми пари.

Инфлацијата и високите цени му штетат само на народот, додека функционерите на власта не ги чувствуваат. Очигледно затоа и не го разбираат народот кој не може ниту со 1.000 денари да купи намирници, кои до пред една година ги купувал за 500 денари.

За да се полнат со пари неколку луѓе од власта,  државата константно се задолжува. Јавниот долг е над 7,5 милијарди евра.

Утре со детали, како додека народот страда, власта, односно нејзините функционери се луксузираат“, стои во нивното соопштение до јавноста.