ВМРО-ДПМНЕ: На лидерските немало предлог за решавање на проблемот со името

ВМРО-ДПМНЕ денеска демантира дека на лидерските средби се разговарало за предлог за решавање на спорот со името.

– Во врска со денешната изјава на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, би сакале да соопштиме дека на разговорите на кои што учествува ВМРО-ДПМНЕ, до сега немало никаков предлог за решавање на проблемот со името, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.